Еве зошто жените најчесто ги изневеруваат своите партнери

Француската дејтинг страница „Gleeden“, која првично е наменета за жени кои се во врска или брак (да, и тоа постои), спровела истражување меѓу своите 10.000 корисници, а целта била да ги откријат главните причини поради кои жените го изневеруваат својот партнер.
Интересно е тоа што дури 73 отсто од испитаничките навеле дека на неверство ги навело одредено однесување на нивните партнери, поточно неизвршување на домашните обврски, без разлика дали се работи за чистење, перење или готвење.


85 отсто од нив се пожалиле дека тоа длабоко ги фрустрира и дека со партнерот најчесто и се расправаат токму поради нерамноправно распределување на домашните обврски.
Значи, драги мажи, ако сакате мирна врска и не сакате да ризикувате да бидете изневерени, знаете што да направите!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.