Еве зошто мажите толку многу ги сакаат

Мажите ги привлекуваат жени кои имаат испакнати напрчени задници бидејќи тоа покажува дека жените се „сексуално заинтересирани“, покажуваат новите истражувања.
Заоблената позадина, како што е онаа на Ким Кардашијан и на Џенифер Лопез, е привлечна и за мажите и за жените. Поентата е дека, за да можат жените да го истакнат својот задник, тие треба да ја придвижат карлицата наназад, а претходните истражувања покажаа дека женките во светот на животните го прават ова за да сигнализираат на мажјаците дека се подготвени да се парат.
Новите истражувања покажаа дека оваа позиција еволуираше во телото и се „префрли“ на луѓето, па така жените покажуваат дека се заинтересирани за маж сексуално.
„Ова може да објасни зошто жените носат високи потпетици и зошто мажите ги сметаат за попривлечни кога носат потпетици – затоа што задникот е испакнат“, објаснува главниот автор на студијата, Фарид Пањуи од Португалија.


Доколку ве интересира како се спроведе ова истражување…
Научниците создадоа шест компјутерски генерирани 3Д-модели на женското тело. Задниот дел од телото беше прикажан во различни, но „нормални“ агли, а на овие модели се прикажани 82 мажи и жени од предниот, задниот дел и од страните.
Учесниците во студијата ја оценија привлечноста на моделот на секоја позиција, а технологијата што го следи погледот на учесниците во студијата, сними во што најмногу гледаа на фотографиите.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.