четврток, 12 ноември 2026
Најново

Еве каде наврна најмногу дожд, а каде беше најстудено во Македонија

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Најмногу дожд до седум часот утринава наврнал во Дојран – 16 литри на метар квадратен, а најмалку во Штип еден литар на метар квадратен.
Според информациите од Управата за хидрометеоролошки работи, во Гевгелија се наврнати 15 литри на метар квадратен, во Струмица 13, во Берово 8, во Виница 5, во Претор, Прилеп и Петровец кај Скопје 3 и во Охрид, Маврово, Битола и Демир Капија 2 литра на метар квадратен.
Најстудено утринава е во Маврово каде се измерени 4 степени, а најтопло во Гевгелија и Битола каде утринската температура е 11 степени Целзиусови.
За денеска синоптичарите најавуваат посвежо и облачно време со повремени врнежи од дожд. Повеќе врнежи ќе има во југоисточните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Дневната температура ќе биде во интервал од 11 до 15 степени.

Поврзани вести