Еве какво време не очекува денеска

Студено, облачно и на места со врнежи од снег или дожд.
Вакво време не очекува последниот работен ден од оваа седмица.
Метеоролозите најавуваат дека слаби врнежи претежно од снег ќе има во западниот крај и во источниот регион.


За разлика од вчерашното, ова утро ќе биде потопло а минималната температура ќе има вредност помеѓу -2°С и 1°С.
Максималната температура воглавно ќе има вредност помеѓу 2°С и 4°С низ најголем дел од котлините во северниот и западниот кра,а во гевгелиско – дојранскиот до околу 7°С.
Скопје денес времето ќе биде претежно облачно со мали услови за снег утрото а температурата ќе достигне максимални 4°С.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.