Еве како да ја дезинфицирате внатрешноста на автомобилот

Дури и ако е најбезбедно да останете дома, автомобилот е сè уште неопходен за некои луѓе да одат во продавница или на работа.
Откако студиите покажаа колку Ковид-19 може да се задржи на површината, американскиот центар за контрола и превенција на болести објави мерки за правилно дезинфицирање во домаќинството во случај на пандемија.
Но, што е со внатрешноста на вашиот автомобил?
Прво, многу е важно да ги миете рацете пред и по употреба на автомобилот, како и да ги држите рацете подалеку од лицето. При чистење на вашиот автомобил, важно е да се фокусирате на воланот, рачките на вратите и на сите копчиња, екраните на допир, менувачот, безбедносните ремени.


Ако површините на вашиот автомобил се чувствителни, користете комбинација на обичен сапун и вода, како и мек сунѓер.
„Сапун или детергент го разградува надворешниот слој на вирусот, така што тој потоа се распаѓа“, вели хемичарот Ричард Саклебен за NBC News.
Ако сметате дека површините на вашиот автомобил нема да се оштетат, можете да користите производи за дезинфекција, но избегнувајте белило бидејќи може да го уништи тапацирот. Потребна е претпазливост при употреба на средства за чистење врз основа на амонијак, бидејќи тие можат да го оштетат обложувањето на екраните за допир.
Експерт за автомобили Џеф Сјут изјави дека изопропил алкохол е генерално безбеден на површините на автомобилот.
На возачите им се препорачува да користат микрофибер крпи за да избегнат оштетување на површините.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.