петок, 27 ноември 2026
Најново

Еве колку заработи Ѓоковиќ со освојувањето на Париз

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Првиот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ по седми пат ја освои титулата победник на АТП турнирот од серијата „Мастерс 1000“ што се игра во париската сала Берси. Тој во финалето го победи Бугаринот Григор Димитров со 6:4, 6:3. Со оваа победа Ѓоковиќ заработи 892.590 евра.

За 36-годишниот Ѓоковиќ ова е јубилејна 40. титула на турнири од серијата „Мастерс 1000“, а 97. освоен турнир во кариерата. Од друга страна, 32-годишниот Димитров во кариерата има освоено осум турнири, а последниот го освои пред шест години кога славеше на АТП финалето.

Поврзани вести