Еве што имаат заедничко Наташа Беквалац и Миљана Кулиќ

Наташа Беквалац беше гостинка во емисијата „Магазин ин“ каде што откри што има заедничко со една од најпознатите реалити ѕвезди.
Пејачката ги насмеа сите во студиото кога откри дека некогаш нејзиното однесување потсетува на Миљана Кулиќ, а тоа го потврдија и нејзините сестри.

Имено, во емисијата, водителката имаше изненадување за гостите, а сестрите на Наташа имаа прашање за пејачката кое гласеше: „Која си реалити ѕвезда?“
Беквалац одговори дека често знае да се шегува со своите сестри, а откри дека во одредени ситуации потсетува на познатата учесничка во реалните шоуа.
„Постојат кратки клипови на Инстаграм. Секако дека се препознавам, дури сме родени на ист датум, 25 септември“ прокоментира Беквалац.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.