Европа го сака Балканот, но не му ги сака проблемите, вели поранешниот американски амбасадор Кристофер Хил

 

Поранешниот американски амбасадор во Македонија, Албанија и во Србија, Кристофер Хил, денеска зборуваше на панел-дискусија на самитот „Македонија2026“ кој се одржува во Скопје, оценувајќи дека е многу важно лидерите на балканските држави да соработуваат.

Хил изнесе и интересно видување за односот меѓу Европа и Балканот.
„Европа го сака Балканот, но не ги сака проблемите на Балканот, рече Хил посочувајќи дека атрактивен предлог е заедно да работат Албанци, Срби, Македонци… и дека „тоа би било голем пазар“.
Осврнувајќи се на своето богато искуство во кризни ситуации и сложени меѓународни преговори, американскиот дипломат нагласи дека лидерите „мора да умеат да ги контролираат емоциите, да носат одлуки под притисок и да имаат јасен ментален компас“.
Покрај амбасадорската должност во Македонија, Србија и Албанија, 73-годишниот Хил во долгата кариера беше и американски дипломатски претставник во Јужна Кореја, Ирак и Полска. Во 2005 година, Хил беше назначен од тогашниот претседател Џорџ В. Буш за шеф на американската делегација на преговорите за решавање на нуклеарната криза со Северна Кореја.

The post Европа го сака Балканот, но не му ги сака проблемите, вели поранешниот американски амбасадор Кристофер Хил appeared first on Provereno.

Пронајдете не на следниве мрежи: