Европа „тропа на вратата“ на креаторот на ChatGPT: Не успеа првиот договор?

ЕК преговара со компаниите OpenAI и Anthropic за пристап до модели на вештачка интелигенција.

Европската комисија (ЕК) е во преговори со американските компании за вештачка интелигенција OpenAI и Anthropic за можен пристап до нивните модели, изјави портпаролот на ЕК, Томас Рејниер.

Тој изјави дека OpenAI изразила подготвеност да обезбеди пристап до својот нов модел на вештачка интелигенција, додека со Anthropic се одржале бројни состаноци, но без конкретни договори за пристап до моделите, објави Ројтерс.

ЕК нагласи дека ова се почетни и технички дискусии, без конечни одлуки за комерцијален или институционален пристап до системите за вештачка интелигенција.

Разговорите се дел од пошироките напори на Европската Унија за зајакнување на соработката со водечките глобални фирми за развој на вештачка интелигенција и подобрување на пристапот до напредни технологии, објави Ројтерс.
The post Европа „тропа на вратата“ на креаторот на ChatGPT: Не успеа првиот договор? appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: