Предлог-законот предвидува драконски казни за компаниите кои користат содржина генерирана со вештачка интелигенција без јасно означени предупредувања, се со цел да се спречи опасната употреба на „deepfake“ технологија. Законот се базира на насоките од Законот за вештачка интелигенција на Европската унија, кој има за цел да ги обврзе компаниите да бидат транспарентни за високоризичните системи за вештачка интелигенција.Оскар Лопез, шпанскиот министер за дигитална трансформација, рече дека вештачката интелигенција е моќна алатка, но и потенцијална закана за демократијата доколку се злоупотреби за ширење дезинформации.И до 35 милиони евра казниНеуспехот да се почитува овој закон може да биде скапо. Според предлогот, користењето содржина генерирана од вештачка интелигенција без соодветно етикетирање ќе се смета за „сериозно прекршување“, со казни кои можат да достигнат до 35 милиони евра или 7% од глобалниот годишен приход на компанијата.Овој закон означува јасна разлика во пристапот меѓу Европската унија и САД. Додека САД се залагаат за доброволно усогласување и различни федерални регулативи, ЕУ воведува построги правила кои ставаат поголем акцент на заштитата на граѓаните. Шпанија е меѓу првите земји што имплементираа регулативи кои се во чекор со ЕУ, што значи дека ќе биде потешко за компаниите да избегнат одговорност во иднина.Опасноста од „дип фејк“Лопез нагласи дека ризикот од „deepfake“ напади е присутен за секој корисник на интернет. Овие видеа и аудио, кои се користат за создавање лажна содржина со помош на вештачка интелигенција, претставуваат сериозна закана за општеството бидејќи станува сè потешко да се разликува што е реално, а што е создадено со помош на технологијата. Овие закани можат да имаат штетни последици за јавното информирање и интегритетот на медиумите.Заштита на ранливите групи и биометриски надзорЗаконот не застанува само на прашањето за „ дип“ технологија. Исто така, се бори против манипулацијата со ранливите групи преку сублиминални пораки. Замислете четбот кој поттикнува на коцкање лице со зависност или играчка која го поттикнува детето да направи нешто опасно. Ваквите манипулации ќе бидат забранети.Законот, исто така, забранува употреба на биометриски податоци за целите на проценка или категоризација на луѓето, како што е предвидување на ризикот од криминал или доделување социјални бенефиции врз основа на однесување. Сепак, на властите ќе им биде дозволено да користат биометриски надзор на јавни простори, но само од причини за национална безбедност.Ново тело за надзор на вештачката интелигенцијаСпроведувањето на новите правила е доверено на новоформираната AESIA (Агенција за супервизија на вештачка интелигенција), додека конкретните случаи кои вклучуваат приватност на податоците, криминални активности и други деликатни области ќе бидат под надзор на релевантните регулаторни тела.Овој чекор на Шпанија кон построга регулација на вештачката интелигенција поставува високи стандарди за остатокот од светот. Какви ќе бидат ефектите? Останува да се види, но јасно е дека вештачката интелигенција повеќе нема да биде нерегулираниот Див Запад.
Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.