Европската централна банка (ЕЦБ) во средата објави дека нејзиниот управен совет ќе започне подготвителна фаза на дигиталното евро по завршувањето на двегодишната истрага за неговото дизајнирање и распоредување.
Новата фаза има за цел да го отвори патот за можна идна одлука за издавање на дигиталното евро. Фазата на истрагата започна во октомври 2021 година, соопшти ЕЦБ.
- Масовни протести во Франција, запален и еден полицаец
- Земјотрес со магнитуда од 5,0 степени во близина на иранската нуклеарна централа Бушер – се отвора прашањето дали станува збор за нуклеарен тест
- Ѓорѓиевски организира бесплатна посета на Матка, обезбеден и превоз за граѓаните
- Генерацијата Z се крева, десетици илјади млади луѓе на улиците на Германија: Се судрија со полицијата, беше активиран и воден топ (фото)
- Средба на двајца поразени автократи: Вучиќ го пречека Орбан и рече дека ќе се вратат
- Арагчи ја предупреди Европа на „разорен удар“ поради поддршката на нападите врз Иран
- Мишо Ковач со години одбиваше да настапува на Запад: Нема да бидам под усташката идеологија, не ја продадов оваа земја
- Само осум од 100 жени Ромки се вработени, економската зависност ги изложува на поголем ризик од насилство
- Хаос во Тирана: Демонстрантите фрлаат молотови коктели врз полицијата, бараат оставка од Рама (фото)
„Врз основа на наодите од оваа фаза, детализирани во извештајот објавен денеска, ЕЦБ создаде дигитално евро кое би било широко достапно за граѓаните и бизнисите преку дистрибуција од надгледувани посредници, како што се банките.
Банката нагласи дека подготвителната фаза не е одлука за издавање дигитална валута, туку само одлука што треба да ја разгледа управниот совет по завршувањето на законодавниот процес на ЕУ.
„ЕЦБ ќе ги земе предвид сите прилагодувања на дизајнот на дигиталното евро што може да станат неопходни како резултат на законодавните дискусии“, додаде ЕЦБ
Пронајдете не на следниве мрежи:



