Европски е што Петар Богојески не е директор на Агенцијата за „Еразмус“, велат од Мрежата за заштита од дискриминација

Мрежата за заштита од дискриминација ја поздравува одлуката за промена на директорот на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.

Оваа одлука е во согласност со европските вредности за промоција на еднаквост, пристапност, инклузија, разновидност и правичност – вредности кои се во сржта на работата на оваа институција. Мрежата внимателно ќе го следи спроведувањето на оваа одлука и очекува номинирање на ново лице за оваа водечка позиција кое ќе ги промовира европските вредности и активно ќе се залага за инклузивност и меѓукултурна соработка, велат оттаму.

Како потсетување, на 15 април Мрежата јавно побара повлекување на предлогот за именување на Петар Богојески за директор на оваа институција.

Пронајдете не на следниве мрежи: