Еден бензин поскапува, цената на останатите горива иста

Од ноќеска на полноќ бензинот Еуросупер БС-95 поскапува за половина денар по литар, а цената на останатите горива останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,35 отсто.
Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 67 денари за литар. ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе продолжи да се продава за 69, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 60, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 49,5 денари за литар.
Со одлуката на РКЕ за 0,848 денари за килограм се намалува малопродажната цената на мазутот М-1 НС и ќе изнесува 33,003 денари.
На светскиот пазар во изминатите седум дена се бележи пораст на референтната цена кај бензинот во просек за околу 2,44 отсто или за 14,10 долари по тон, а кај дизелот има зголемување во просек за околу 1,088 отсто или 5,95 долари по тон. Курсот, пак, на денарот во однос на доларот е повисок за 0,82 отсто.

 

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.