Еден гол му беше доволен на Интер за полуфинале во Копа Италија! (ВИДЕО)

Бранителот на пехарот во Купот на Италија, екипата на Интер, ја продолжи мисијата пласирајќи се во полуфиналето.

Нераѕурите славеа вечерва во четвртфиналето против Аталаната, за што им беше потребен само еден гол. Иако имаа иницијатива и еден дирек во првиот дел, сепак тој погодок дојде во вториот.

По една акција во 57. минута, Дармијан се најде во позиција да бие на врвот од шеснаесетникот и тоа го направи успешно за да му пресуди на натпреварот. Интер е осумкратен освојувач на Купот на Италија, а во одбраната на ланскиот трофеј ќе продолжи против подобриот од Лацио – Јувентус. Тој меч се игра в четврток.

Пронајдете не на следниве мрежи: