Еден ден ќе најдеш некој кој едноставно те разбира…

Има една прекрасна убавина во тоа да најдеш некој којшто те разбира. Постојат книги кои се посветени на тоа како да ја најдете оваа личноста преку игри кои наводно треба да ја наведат личноста да се заљуби во вас. Постојат милион филмови за тоа како кога најмалку очекуваш ќе ја најдеш љубовта на твојот живот и тие ќе прават луди љубовни гестови за да ве освојат.
Секогаш мислев дека баш тоа е тоа што го посакувам. Ги сакав лудите романтични гестови. Сакав некој да прави големи спонтани работи за мене и да биде толку заљубен во мене што целиот наш живот ќе биде една прекрасна романтична комедија.
Но, тоа не е начинот на којшто функционира светот и да бидам искрена, тоа повеќе не е нешто што го посакувам.


Кога некој ве разбира, кога го знае секое парче од вашата душа, тоа е најискрениот облик на романтичен гест. Тие се вашето рамо за плачење кога ги имате најлошите денови и тие ве слушаат. Тие се посекси кога лежат до вас и зборуваат за нивните страсти и соништа отколку да ве носат на некое фенси место. Тие се личноста на којашто сакате да и кажете се, колку и да е смешно или болно.
Тие се токму тоа што ви недостасувало.
Прекрасно е кога ќе најдете некој кој едноставно ве разбира, затоа што не мора да се трудите. Не мора да се трудите да се вклопите. Едноставно се вклопувате. Не мора да криете ништо што сте мислеле дека треба да криете. Може да ги искажете сите чувства и тие ќе се насмевнат. Ќе се насмевнат затоа што се среќни што им се отворате.
Личноста којашто навистина ве разбира ќе ве остави да бидете тоа што треба да бидете.
Тие нема да се мрчат кога ќе имате некоја луда идеја за идна кариера или цел. Тие ќе ве поддржат. Тие ќе ве подигнат од земја кога ќе мислите дека не можете да продолжите. Тие ќе бидат тука да ве потсетат на вашата напорна работа. Тие ќе се гордеат со вас затоа што се трудите и работите и подеднакво ќе се гордеат дури и ако не ви успее идејата. Тие сакаат да бидете среќни и ќе ве поддржат во се што сте замислиле.
Постојат многу работи кои ќе ги обожавате кај оваа личност, но тоа нема да биде затоа што ви купиле цвеќиња. Ќе го обожавате тоа што го сакаат најдоброто за вас. Ќе го обожавате тоа што се чувствуваат доволно удобно за да ви кажат се. Ќе ги обожавате поради тоа какви се и тие ќе ве сакаат такви какви што сте.
Во овој свет е многу лесно да се падне во замката во тоа да мислиме што треба партнерите да направат за нас наместо да се фокусираме на прекрасните мали работи кои секојдневно ги прават.
Кога некој едноставно ве разбира, тоа е љубов каква што не сте искусила. Додека другите тврделе дека ве знаат вас и вашето срце, личноста која ве разбира навистина ве знае. Тие не се плашат од вашето минато, ниту од тоа што го сакате од иднината. Тие се едноставно среќни што во овој момент се со вас.
Има нешто во тоа да најдеш некој кој едноставно те разбира. И не постои ништо како тоа чувство.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.