Еден детаљ на раката на Брижит Макрон привлече големо внимание – Претседателот и првата дама на Франција носат две бурми еве и зошто

Брижит Макрон (68) присуствувала на отворањето на филмскиот фестивал во Франција, а за овој настан избрала комбинација во свој стил – фармерки со бело сако и бела кошула. Меѓутоа, присутните го насочиле вниманието на впечатливиот прстен.
Станува збор за прстенот кој го добила на венчавката од сопругот Емануел во 2007 година. Меѓутоа, Брижит всушност има две бурми – едната е нејзина, а другата припаѓала на нејзината сестра која загинала во 1961 година. Таа починала во сообраќајна несреќа заедно со својот сопруг и нивната ќерка која имала шест години, а оттогаш Брижит го носи и нејзиниот прстен.


Она што предизвика уште поголема мистерија е тоа што и Емануел Макрон носи две бурми – една на десната рака, другата на традиционалното место за бурми. Околу тоа кружеле многу гласини, сѐ додека на крајот не се изјаснил Макрон кој кажал дека и двата прстени ги добил од Брижит, еден на венчавката и еден додека ѝ бил ученик.
“Тој му го подарив кога заминуваше за Нигерија. Беше првата наша разделба, цели шест месеци”, рекла Брижит.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.