Еден загинат и двајца повредени рудари во Тораница

Вчера за време на минирање во рудникот Тораница во близина на Крива Паланка загина 57-годишен  рудар. Во несреќата се повредени уште двајца рудари, вработени во рудникот за олово и цинк, “Булмак- Минстрој“, поранешна Тораница, соопшти МВР. Несреќата се случила попладнето. Од одрон предизвикан од минирање, починало едно лице на 57-годишна возраст со иницијални Б.М, а повредени се 32-годишниот А.Н. и 30-годишниот Ј.М. кои се пренесени во Клиничката болница во Куманово.
На местото на несреќата е извршен увид од страна на обвинител.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.