Еден убиен и седуммина ранети во затворот Коридалос во Грција

Како што пренесува “Катимерини“ едно лице убиено, а седум затвореници ранети е билансот од масовната тепачка на група Албанци со затвореници од Грција и Грузија, на психијатрискиот одел во затворот Коридалос, еден од најголемите затвори во Грција, тој се наоѓа во близина на главниот град Атина. Двете групи се судриле за време на “расчистувањето на сметките“. Седумте затвореници повредени во тепачката веднаш биле пренесени во болница. Со ладно оружје е убиен затвореник Грк, јави “Катимерини“.
Тепачката ја предизвикале две групи на затвореници. Едната била составена од затвореници Албанци ,а другата била “мешана“-составена од затвореници од Грција, Грузија и други држави од поранешниот Советски Сојуз.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.