Единствена Македонија: Емил Димитриев од непознавање погрешно ја пофали тајната служба дека прислушува и следи законски

Ја информираме јавноста дека изјавата на претседателот на Собраниската Комисија за контрола на прислушувањето, Емил Димитирев, дека 188 граѓани се следени со судски налог и дека ОТА работи согласно процедурите, не одговара на вистинската состојба и тоа ќе го поткрепеме со најмалку еден пример.
Единствена Македонија располага со писмен доказ дека во ОТА е заведен и телефонскиот број на претседателот Јанко Бачев само затоа што има поинакви надворешно-политички определби од марионетската власт во Скопје.
Иако постои судска наредба за прислушување на Бачев, оваа активност на тајната служба е во целосна спротивност со Уставот на државата од најмалку две причини:
Прво, во уставот е запишано дека темелна вредност на уставниот поредок претставува политичкиот плурализам и партиите можат да застапуваат различни политички гледишта, на пример, едни се за НАТО, други за Русија, трети можат да бидат за Движењето на неврзаните, едни да бидат за промена на име, други за неменување на име, едни за традиционални и семејни вредности, други за либерални вредности и.т.н., што значи плурализам на определби.
Второ, во Уставот е запишано дека државата може да членува во меѓународни организации. И толку. Никаде во Уставот не е запишано дека тие меѓународни организации мора да бидат НАТО и ЕУ. Значи, Републиката може да членува во било која од бројните меѓународни организации кои постојат во моментот во светот.
Значи, власта на Зоран Заев во моментот врши флагратно кршење на уставот со прислушувањето на претседателот на Единствена Македонија. Единствена Македонија го повикува Емил Димитриев како претседател на Собраниската комисија за контрола на прислушувањето да обрне внимание не само на
формалниот момент, односно, дали постои судска наредба за прислушување, туку да испитува и дали судската наредба е во согласност со Уставот.
Со почит,
Центар за комуникации на Единствена Македонија

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.