Една година подоцна, а болката е сè уште жива. Една година од трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани – трагедија што одзеде 63 млади животи и остави неизбришлива празнина во нивните семејства, пријатели и целата земја.
Град кој некогаш беше исполнет со младост и музика, во еден миг стана симбол на тага и сеќавање. Денес, Кочани стоеше во тишина – со свеќи, солзи и сеќавања за оние кои заминаа прерано. Во знак на почит и сеќавање, семејствата, пријателите и граѓаните ќе се соберат за да им оддадат почит на жртвите од трагичниот пожар.
Со минута молчење, точно во 2:32 часот наутро, моментот што го промени Кочани засекогаш, им беше оддадена почит на трагично загинатите во пожарот. Пред дискотеката „Пулс“ беа поставени срца со имињата на луѓето што ги загубија своите животи, под мотото „Светлината што останува“.
Просторот беше осветлен со рефлектори и украсен со цвеќиња и срца на кои беа гравирани имињата на младите луѓе кои ги загубија животите во пожарот или од последиците од пожарот. Покрај бројните семејства и пријатели, на собирот присуствуваа и претставници на граѓанското движење „Кој е следен?“ од Скопјe.
Во Паркот на Револуцијата, 63 бели столчиња, 63 животи, симболичен мурал – визуелен споменик на недовршени соништа – ѕид на сеќавање. Денес во 10:00 часот ќе има молитва за починатите.
The post Една година од трагичниот пожар во Кочани, каде што животот го загубија 63 лица appeared first on Во Центар.



