Една година по земјотресот, Ердоган ги предаде клучевите од 7.000 нови куќи: Ова е почеток

Турција во саботата им ги предаде клучевите од новозавршените куќи на некои од оние кои останаа без покрив над главата од минатогодишниот разорен земјотрес, најсмртоносната катастрофа во модерната историја на земјата.

Силните земјотреси од 6 февруари 2023 година на југот на Турција удавија повеќе од 50 илјади луѓе во 11 провинции и оставија милиони без покрив над главата, пренесува Телеграф.

„Денеска испорачуваме 7.275 куќи во Хатај. Ова е почеток и постепено ќе предадеме 40.000 куќи низ целиот регион штом ќе заврши нивната изградба“, рече претседателот Реџеп Таип Ердоган за време на церемонијата во Хатај, најпогодената провинција од земјотресите.

Во следните два месеци ќе бидат предадени околу 75.000 куќи, рече Ердоган, додавајќи дека Владата планира да предаде вкупно 200.000 куќи оваа година.

Претседателот на Турција додаде дека денеска се пуштени во употреба две болници во Хатај.

Околу 680.000 куќи се уништени во областа погодена од земјотресот, изјави министерот за урбанизација Мехмет Ожасеки за новинарите во петокот, додавајќи дека 390.000 семејства се регистрирани да добијат куќи што треба да се изградат таму.

„Тендерите за 200.000 станови се завршени, а дел од нив се градат. Некои делови се завршени и наскоро ќе бидат испорачани. Тендерот за околу 100.000 станови продолжува“, рече Озахсеки. 

Пронајдете не на следниве мрежи: