Една мајка го гледаше синот на кој нозете му беа заробени под автобусот– се тресеше и плачеше, ја гушнав како моја мајка

Цела Македонија е потресена од тешката сообраќајна несреќа што се случи вчера на автопатот Скопје-Тетово.
Еден сведок на социјалната мрежа Твитер, го раскажа ужасот што се случувал на лице место. Само тој со свои раце извадил мртви тела од автобусот кој излета од патот Скопје-Тетово и се преврте, при што загинаа 14 лица, а неколкумина се уште се борат за живот. „Алал вера за сите млади од Ласкарце, прв пат видов ја такви млади луѓе, прв пат видов толку хуманизам и човечност, има добри луѓе се уште во овој свет.“ вели тој во своите коментари на оваа социјална мрежа.
„Со мои раце извадив 4 мртви тела и 2 повредени од несреќата кај Карпалак. Во такви моменти не размислуваш дали е Албанец, Македонец, Ром, во такви моменти човек се покажува колку е човек…“, пишува момчето на Твитер.


Еве ги и останатите негови коментари …
„Дојде мајката на еден од повредените на местото на несреќата, синот и мафта со рака а нозете му се под автобусот а таа си плаче ко мало дете и се тресе, ја гушкав како да беше мајка ми обидувајќи да ја смирам, но во такви моменти човек не може да се смири.“
„Да не беа селаните од Ласкарце и случајните патници, повеќето луѓе што беа внатре во автобусот можеби ќе ги изгубија животите, бог да ги наградува сите до еден кој со нивните можности им помогна на повредените патници, а институциите уште еднаш покажа дека се за нигде.“
Добрата вест ако може да се нарече така е што се додека јас бев присутен таму, повреден/а малолетно лице немаше а јас бев таму повеќе од два саати“
„Жал ми е од една страна што не бевте присутни таму па да видите како се ризикува сопствен живот за да се спаси туѓ живот, алал вера за сите млади од Ласкарце прв пат видов ја такви млади луѓе, прв пат видов толку хуманизам и човечност, има добри луѓе сеуште во овој свет.“

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.