Една од најубавите жени на светот ги покажа своите стрии

Популарната манекенка Криси Тајген решила и овој пат да биде тотално искрена и споделила видео-снимка на својот Инстаграм во која ги покажала сите свои несовршености. Токму како и многу други жени, и таа има проблем со стриите.


Пред само две недели, манекенката Тајген се породи и го донесе на свет синот Мајлс Теодор Стивенс, а првата слика од новороденчето, младата мајка ја споделила на Инстаграм.
Секако, таа веднаш се вратила на социјалните мрежи и открила како изгледа животот на една мајка, но и како се променило нејзиното тело по породувањето.

Bruises from bumping kitchen drawer handles for a week. Stretchies say hi!

A post shared by chrissy teigen (@chrissyteigen) on


Криси повторно ја изненадила јавноста кога објавила видео-снимка на која ги открила постпородилните стрии на своите колкови, докажувајќи дека тие се сосема природна појава.
Ова не е прв пат убавата бринета да ги открие своите недостатоци.
Само за потсетување, пред три години таа објави слична фотографија, покажувајќи ги своите нозе со изразени стрии.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.