Една студија открива: Зошто прославувањето на родендените на децата е важно?

Кога доаѓа роденденот на детето, некои родители се возбудуваат и однапред се подготвуваат за прославување на оваа пригода. Но, има и родители кои преферираат да ги избегнат овие трошоци и одлучуваат воопшто да не прославуваат. А, ова може да биде контрапродуктивно.
Ја споделуваме со вас важноста на прославувањето на родендените на вашите деца и ве охрабруваме да не го избегнувате чувството на радост.
Да се прави или да не се прави забава?
Една студија открива зошто прославувањето на родендените на децата е важно?
Да, сè се смени. Она што го сметавме за едноставна роденденска прослава, сега се претвори во тематска забава, со над 50 гости, персонализирана слатка маса и скапи украси кои завршуваат во ѓубре. Сепак, д-р Жаклин Воли се залага за важноста да се слават родендените на децата на, за нив, значаен начин, бидејќи тие, како и возрасните, бараат обележување на настани во нивна чест.
Важноста на славењето родендени


Една студија открива зошто прославувањето на родендените на децата е важно?
Д-р Воли спровела истражување за обележувањето на родендените кај малите деца. Во истражувањето биле вклучени 99 деца на возраст помеѓу 3 и 5 години. Постапката била едноставна, на сите им било претставено следново сценарио: 3 двегодишни деца требало да наполнат 3 години. Првото да има забава, второто да нема, а третото да има забава, но во 2 дела. Потоа, од испитаниците било побарано да погодат колку години има секое дете. Резултатите откриле дека многу од нив одговориле дека она дете што немало забава има 2 години, а она дете кое има 2 забави има 4 години.
Повеќе од само математика…
Една студија открива зошто прославувањето на родендените на децата е важно?
Тестовите на д-р Воли откриле дека за деца на предучилишна возраст, доживувањето на ненадејни промени од година во година има големо значење, бидејќи нема друга очигледна или непосредна физичка причина слична со другите промени кај децата, па затоа тие сметаат дека роденденската забава е редовен настан кој им се случува секоја година.


Предностите на прославувањето роденден, според развојната психологија
Една студија открива зошто прославувањето на родендените на децата е важно?
Д-р Воли верува дека ако за 4 годишно дете, целта на забавата е да наполни 5 години, тогаш славењето е важно.
Затоа, родителите треба да ги земат предвид следниве предности на овој настан:
Прославата ја зголемува самодовербата кај детето;
Кога се слави во чест на детето, тоа се чувствува сакано и значајно во семејството. Неговиот роденден станува важен настан во животот на родителите;
Родендените ги зајакнуваат семејните врски;
Позитивно е да се има семејни традиции. Без оглед на големината на прославата, она што е релевантно, е чувството да се биде заедно за да се прослави нешто посебно;
Роденденските забави воспоставуваат социјални релации со другите;
Поканувањето неколку пријатели, баби и дедовци или целото семејство на роденденска забава му помага на детето да се дружи и да биде љубезно;


Така се создаваат позитивни спомени. Истражувањата за меморијата од предучилишна возраст вели дека повеќето сеќавања од детството не се навистина спомени, туку меморија создадена од многу податоци што детето ги има собрано од различни извори несвесно, како сензации, насмевки и музика. Затоа, создавање спомени од прослава може да биде нешто навистина значајно.
Тоа им помага на децата да имаат перцепција за времето. Децата не се свесни за нивниот раст ако на тоа не им укажат другите. Затоа родендените се одличен начин за тие да го откријат процесот на растење.
Прославата не мора да биде раскошна
Една студија открива зошто прославувањето на родендените на децата е важно?
Некои родители можеби се чувствуваат под притисок од потребата да го прослават роденденот на своето дете. Сепак, славењето на уште една година од животот на вашето дете не мора да биде големо. Децата се помотивирани или возбудени од прославите каде тие се на прво место, кога се важни нивните емоционални потреби и кога се чувствуваат сакано. Значи, едноставното дување на свеќичката и јадењето на торта може да биде доволна прослава.
Она што е најважно не е најсофистицираната роденденска торта на светот, ниту пак најскапиот подарок од најпрестижната продавница, туку топлината на околината во која детето се чувствува почитувано, сакано и безбедно.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.