Една шака од оваа намирница е во состојба да го закрепне целиот организам: Ги исфрла токсините, го намалува холестеролот и помага во слабеење

Оваа мешунка е еден од најдобрите извори на протеини, влакна, витамин Б6, железо и магнезиум.
Леблебијата е мешунка која има неверојатни нутритивни вредности. Преполна е со протеини и содржи влакна кои даваат чувство на ситост и по неколку часа.
Богата е со антиоксиданси, железо, магнезиум, калиум и витамини А, Е и Ц, а варената леблебија содржи двојно повеќе железо од истата количина месо. Исто така, содржи и голема количина на протеини, а од таа причина се препорачува на трудници и за време на менструалниот период.
Кога станува збор за биохемискиот состав на леблебијата, сушеното зрно на оваа мешунка содржи 23% протеини, 53% јаглехидрати, 4-5% растително масло, 3-5% целулоза и 3% минерални материи.
Еве зошто мора да ја вклучите леблебијата во вашата исхрана:
Ги исфрла токсините и помага во слабеење
Благодарение на влакната кои ги содржи во големи количини, леблебијата е одлична за слабеење. Освен тоа, доколку редовно ја консумирате, ќе ги исфрлите сите наталожени токсини од цревата и црниот дроб.
Им помага на дијабетичарите
Истражувањата покажале дека лицата со дијабетес тип 1 кои често консумираат намирници богати со влакна имаат намалено ниво на глукоза, а кај дијабетичарите тип 2 може да се подобри нивото на шеќер во крвта, липидите и инсулинот.


Го чува здравјето на коските
Железото, фосфатите, калциумот, магнезиумот, манганот, цинкот и витаминот К кои се наоѓаат во леблебијата придонесуваат за здравјето и цврстината на коските. Сепак, треба да бидете внимателни кога станува збор за овие минерали бидејќи премногу фосфор, а премалку калциум, може да резултира со слабеење на коските.
Го намалува крвниот притисок
Една од најважните промени кои треба да ги усвоите за да го намалите притисокот е да јадете намирници сиромашни со натриум, а токму таква е леблебијата. Покрај тоа, содржи и калиум кој е подеднакво важен за нормализација на крвниот притисок.
Печената леблебија можете да ја купите во продавниците за здрава храна, но можете да ја сварите и сами. Еве како:
Пред варењето, неопходно е да ја потопите леблебијата во вода во која ќе отстои најмалку 8 часа. Потоа, префрлете ја во тенџере, прелијте ја со вода и варете ја околу 40 минути на тивок оган со капак или 20 минути во експрес лонец.
Од леблебијата можете да приготвите и вкусни намази како што е хумусот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.