Едни лице загина, 12 повредени во невреме во Бугарија

Едно лице загина, а 12 се повредени откако силни ветришта ја погодија централна Бугарија, соопшти градоначалникот на Габрово, Тања Христова.

Жена на возраст од 34 години загина синоќа кога врз неа паднало скеле на еден паркинг. Две лица се хоспитализирани, а десет побарале медицинска помош.Делови од болницата во Габрово се евакуирани, бидејќи ураганскиот ветер, кој достигнал брзина од 120 километри на час, ги разнел ќерамидите од покривот.Ветрот искорнал два бора од по 20 метри, паднати се повеќе сообраќајни знаци, како и ламарини и ќерамиди од крововите на куќите.Две третини од градот останале без струја, а училиштата се затворени.Студено време ја зафати вчера и денеска Бугарија, по невообичаено топлото време за овој дел од годината.
Макфакс
Едно лице загина, а 12 се повредени откако силни ветришта ја погодија централна Бугарија, сооп

Пронајдете не на следниве мрежи: