Пржените лепчиња се омилен десерт за време на зимските празници, но и практичен десерт за секое семејно собирање или кафе со пријателите.
Овие мали колачиња се познати по нивната мека внатрешност и крцкава кора, а се лесни за подготовка и не бараат многу време.
Состојки:
400 мл јогурт
2 јајца
1 кесичка прашок за пециво
4 лажици шеќер
2 кесички ванилин шеќер
20 лажици брашно
1 прстофат сол
Кора од еден лимон
Масло за пржење
Шеќер во прав
Цимет по желба
Подготовка:
Во сад ставете го јогуртот, јајцата, прашокот за пециво, шеќерот, ванилиниот шеќер, брашното, циметот, солта и кората од лимон. Добро измешајте сè со жица за матење додека не добиете мазна смеса. Оставете ја смесата да отстои десет минути.
Загрејте го маслото во голем сад. Со лажица формирајте мали палачинки и пржете ги додека не поруменат. Извадете ги готовите палачинки на хартиена крпа за да се впие вишокот масло.
Посипете ги пржените лепчиња со шеќер во прав или чоколаден сос и послужете ги веднаш додека се топли и миризливи. Уживајте!
The post Едноставен рецепт за десерт што многумина го сакаат appeared first on Во Центар.



