Качамак е традиционално селско јадење направено од пченкарно брашно и е појадок што секогаш ќе ни ги радува стомаците. Топол качамак со сирење, има ли нешто подобро? Ви носиме едноставен рецепт за ова древно јадење што им ги враќа најубавите спомени од детството на многумина.
Состојки:
1 литар вода2-3 лажички сол300 г бело пченкарно брашноисечено сирење
Подготовка:Истурете еден литар вода во тенџере и ставете го на највисока температура. Кога водата ќе зоврие, додадете сол и намалете ја температурата. Додадете го брашното мешајќи постојано со дрвена лажица. Варете го качамакот додека качамакот не стане доволно густ. Готов е кога ќе забележите дека дрвената лажица остава трага на дното од тавата. Сервирајте го качамакот со рендано сирење или со цели парчиња.
The post Едноставен рецепт за качамак: Традиционално јадење кое никогаш не излегува од мода appeared first on Во Центар.
Пронајдете не на следниве мрежи:



