Едноставен трик за да не ви поцрнат компирите

Кога подготвуваме оброк, имаме многу состојки кои треба да се исечкаат, разни намирници кои треба да се маринираат и слично. Последното нешто што би го сакале е чинија полна со сива салата од компири или кафено пире. Постои трик со кој може да го одбегнете потемнувањето на компирите. Откако ќе го усовршите овој трик, пирето од компири ќе ви биде на секое мени.
Едноставен трик за да не ви поцрнат компирите
Проблемот е во скробот
Компирите добиваат кафена боја многу брзо откако ќе се изложат на свеж воздух бидејќи се полни со скроб. Кога скробот ќе биде изложен на кислород, започнува процесот на оксидација при што компирите потемнуваат.


Забавете го потемнувањето со вода
Најлесниот (и најпознат) метод на спречување на потемнувањето е користењето студена вода. Кога исечените парчиња ќе ги ставите во вода, оксидацијата забавува. Компирите можете да ги чувате во вода дури 24 часа пред да забележите некоја промена во бојата.
Ренданиот компир потемнува уште побрзо од исечените коцкички, така што веднаш ставете го во вода. Наполнете сад со ладна вода за да се покријат компирите. Рендајте над садот со ладна вода за компирите да бидат што побели.
Киселината го запира целосно
Како што споменавме порано, ставањето во ладна вода го забавува процесот на оксидација, но не го спречува. Доколку планирате да ги чувате компирите во вода подолго време, тогаш би требало во водата да ставите и малку киселина.
Намалување на рН вредноста на компирот помага против оксидацијата. Исцедете лимон или ставете малку алкохолен оцет. Една лажица е сосема доволна за поголем сад полн со вода.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.