„ЕДНО ИМЕ ИМАМЕ“ ЕЧЕШЕ ОД ХИМАЛАИТЕ Струмичанецот Ѓузелов и неговиот тим го освоија Ајланд Пик

Ѓузелов е третиот струмичанец кој се обидува да искачи еден од врвовите на Хималаите, по Серафим Серафимовски во далечната 1989 година и во 2009 година и неговата ќерка Билјана Серафимовска, која на 18-годишна возраст е најмладата од Европа што го освоиле врвот Ајланд Пик.

Знамето на Кутлеш се развеа заедно со песната „Едно име имаме“ на врвот Ајланд Пик на Хималаите. Тоа го направи струмичанецот Благој Ѓузелов со неговиот тим, објави Струмица Денес. Десетчлената експедиција го заврши својот подвиг кој започна на 12 октомври од плоштадот во Струмица.

Врвот Ајланд Пик е рангиран со техничка тежина на искачување Алпине ПД+.

Ѓузелов е третиот струмичанец кој се обидува да искачи еден од врвовите на Хималаите, по Серафим Серафимовски во далечната 1989 година и во 2009 година и неговата ќерка Билјана Серафимовска, која на 18-годишна возраст е најмладата од Европа што го освоиле врвот Ајланд Пик.

Тој е искусен планинар, ги освоил сите врвови на планините во Македонија, бил дел од алпинистички експедиции во Франција, Италија, Турција, Иран.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.