Жител на Дебар вчера го загуби животот кога паднал од станбена зграда во изградба, каде што извршувал работни обврски.
Тој почина од тешките повреди на пат кон Општата болница со проширени активности во Дебар.
Како што информираат од охридската полиција, околу 11:35 часот, СВР Дебар добила известување од Итната медицинска помош дека К.С. (40) од Дебар починал на пат кон болница.
На местото на настанот излегле јавен обвинител и трудов инспектор, додека екипа од Секторот за внатрешни работи Дебар извршила увид.
Според информации од жители на Дебар, станува збор за нивен сограѓанин кој работел на поставување врати и прозорци во зградата.
The post Едно лице во Дебар го загуби животот на работа – Падна од зграда appeared first on Во Центар.
Пронајдете не на следниве мрежи:



