Едно правило на свадбата на Вељко и Богдана го прекршија сите гости

Во хотелот Хајат сношти се одржа веселбата по повод свадбата на синот на Цеца, Вељко и неговата избраничка Богдана, која без двоумење го зема неговото презиме Ражнатовиќ.
Свадбата помина со многу гости, од кои голем дел од српската и балканската естрада, пееја Адил, Саша Матиќ, потоа и Аца Лукас, а за микрофонот се „фати“ и сестрата на младоженецот, пејачката Анастасија Ражнатовиќ.
Младите имаа торта на шест спратови, тешка 70 килограми. На поканите, а и на секоја маса беше оставена јасна порака дека не е дозволено објавување на детали, фотографии и видеа на социјалните мрежи, но целиот Балкан е сведок дека прва која го прекрши тоа правило беше токму Анастасија.


Всушност, секој можеше да се чувствува како дел од свадбата само со инстаграм-стори видеата и фотографиите, кои присутните, меѓу кои и сестрите на невестата, пејачката Ана Николиќ, младиот талент Лена Чолак, другарките и пријателите, објавуваа нови содржини цело време.
Богдана во текот на свадбата промени три венчаници. Најпрво ја носеше онаа на Цеца, купена во Милано, а дизајнирана од грчки дизајнер. Во таа и се венча во црквата. За пред матичар се пресоблече во друга, раскошна венчаница со длабоко деколте. Третата беше целата прекриена со кристали, а невестата одлучи и дека ќе ја пушти косата.


Сите оние кои запеаја на свадбата можат да се пофалат со големи бакшиши, бидејќи банкноти од 50, 100 и 500 евра буквално летаа низ украсената свечена слава.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.