Екокрзно: Ги грее домот и вашето тело

САД – Екокрзно. Со децении овој термин предизвикуваше слики на нешто што е очигледно вештачко. Неговата слабост често беше стилска карактеристика, „забавното крзно“ имаше толку претерани бои и шари што секогаш беше јасно дека доаѓа од фабрика, а не од шума. Сепак, иако изгледот понекогаш можеше да прелаже дека крзното е вистинско, допирот ја кажуваше вистината. Екокрзното изгледаше грубо и како пластично. Денес, ековерзиите се зачудувачки реални.


Многу често, акрилното купче се комбинира со природни материјали како волна, свила или памучна вештачка свила, а различни видови силикон и смола се користат за да се подобри сјајот. Производителите користат други техники, како што е мешањето материјали што се собираат и такви што не се собираат, како и фини и груби влакна за што повеќе да изгледа како сложеното крзно на дабарот, ласицата или видрата.


Сезона е на топлите и шик-бунди, еколошки, како на мече, популарно наречени „теди“. Нема модни правила – оваа сезона бундата може да биде и долга, како и кратка, со кратки или пак со долги влакна, а изборот на бои е голем – од бели до елегантни, црни, па сè до популарните нијанси на сенф и зелено, но во игра сè уште се и бундите со животински принт.


Во уредувањето на домот оваа сезона екокрзното е дел од перниците, прекривките и столовите. Тие даваат изглед на драма и удобност што не е резултат на суровост.
Декораторката Бет Кушник има своја линија на декоративни додатоци и таа сака да користи прекривки и перници од екокрзно како текстура.


„Најдобро е да ги имате во иста палета бои како каучот и така се создава уште еден слој“, вели таа.
Според нејзиниот вкус, малку крзно многу придонесува.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.