Ексклузивно Насер Зибери: Странците го избраа Али Ахмети, а војната во 2001 не беше домашна!

Насер Зибери во синоќешната емисија Во Центар со Васко Ефтов потврдува дека странците го избирале Али Ахмети и тој всушност реализирал нивна стратегија во Република Македонија.

„Значи странците го избираат Али Ахмети и тој всушност реализира нивна стратегија тука во Република Македонија. Без странците, Али Ахмети немаше да биде тоа што беше и немаше да го оствари тоа што го оствари.“ Ова им дава потврда на тезите дека војната во 2001 година била увезена од Косово, а не домицилна. Меѓународниот фактор, преку структурите на Али Ахмети, ја пресретнал ситуацијата за да спречи влошување на состојбата во Македонија, бидејќи Албанците чекале момент за вооружен конфликт.

„Јас мислам дека меѓународната заедница беше свесна дека состојбата во Македонија е неодржлива таква каква што беше до 2001ва дека Албанците чекаат момент кога не само политички туку и преку протести и преку вооружен конфликт ќе се обидат да ја сменат таа ситуација и мислам дека меѓународниот фактор преку овие структури на Али Амети и други ја пресретна таа ситуација да се влоши состојбата во Македонија.“

Екслузивните детали што Насер Зибер ги откри за емисијата Во Центар може да ги погледнете на следниот линк:

The post Ексклузивно Насер Зибери: Странците го избраа Али Ахмети, а војната во 2001 не беше домашна! appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: