Експлозии во Рафа по предупредување за евакуација

Има извештаи за експлозии во Рафа, Газа по наредбата на Израел за евакуација на 100.000 луѓе.Израелските одбранбени сили (ИДФ) претходно дистрибуираа летоци со предупредување за луѓето кои се засолнуваат во јужниот дел на градот Газа дека областите каде што живеат ќе бидат нападнати.Сега на дистрибуираните снимки се гледа како чадот се издига од воздушните напади во Рафах, пишува skynews.Инаку, деновиве е најавен телефонски разговор меѓу американскиот претседател Џо Бајден и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.Познато е дека шефовите на држави ќе разговараат токму за офанзивата во Рафах.САД предупредија на последици за Израел доколку продолжи со операцијата без кредибилен план за заштита на цивилите.Сепак, се чини дека Нетанјаху нема намера да застане додека не ја уништи целата структура и упоришта на Хамас.

Пронајдете не на следниве мрежи: