Екс претседателот на Пакистан Мушараф осуден на смрт поради велепредавство

Поранешниот пакистански Претседател и воен лидер, Первез Мушараф е осуден на смрт од судот во Исламабад.
Тричлениот суд го осуди по обвинението за велепредавство покренато против него уште пред шест години. Генералот Мушараф дојде на власт за време на воен удар во 1999 година и ја извршувал функцијата претседател на земјата од 2001 до 2008 година. Обвинението против Мушараф се однесува на суспендирањето на уставот во 2007 година, кога воведе вонредна состојба со цел да се одржи на власт и по истекувањето на мандатот. Тоа доведе до протести низ земјата, а Мушараф се повлече во 2008, со цел да избегне отповикување. Мушараф издаде видео изјава од болнички кревет на почетокот на овој месец, оценувајќи го случајот против него како „неоснован“.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.