четврток, 12 ноември 2026
Најново

ЕЛЕМ ја подготвува Попова Шапка за продажба

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

На барање на Владата ЕЛЕМ веќе работи на физибилити студија за ски-центарот Попова Шапка во која ќе бидат презентирани техничката, правната и финансиската анализа на можностите на овој ски-центар, а причината се неколкуте катастрофални сезони и неисплатливи инвестиции. По ова од раководството на ЕЛЕМ, кое е сопственик на ски центарот, ќе биде изработена и тендерска документација за продажба, објави ТВ “Телма“.
Потенцијалните инвеститори ќе се бараат во западноевропските држави каде зимскиот туризам е една од најразвиените гранки и веќе се контактирани сопствениците на тамошните ски-центри. Анѓушев вели дека ќе се обидат да ги донесат во нашата држава и на Попова Шапка за да го презентираат потенцијалот на центарот.
Сегашните анализи покажуваат дека во реонот од 500 километри ски-центарот Попова Шапка има најголем потенцијал и дека лесно ќе го надмине ски-центарот Копаоник во Србија. Самата местоположба и фактот што ски-центарот Попова Шапка се наоѓа на само 80 километри од скопскиот аеродром ја зголемува атрактивноста кај инвеститорите, истакна премиерот Заев.

Поврзани вести