Ема ја убија тинејџери: Ја избоделе до смрт, а сега еден го признал убиството

Еден од тинејџерите обвинети за убиство на Британка се изјасни за виновен. 41-годишната Британка, Ема Ловел, по потекло од областа Ипсвич, беше избодена до смрт на 26 декември 2022 година, за време на кражба во нејзиниот дом во Австралија.

Ловел емигрирала од Ипсвич со ќерките и сопругот Ли, кој исто така бил повреден во нападот. Двајца тинејџери, кои не се именувани бидејќи во моментот на нападот имале 17 години, се обвинети за четири кривични дела, пишува Би-Би-Си.

„Ема го држеше нашето семејство заедно. Таа беше толку убава личност“.

Денес, еден од нив се изјасни за виновен пред Врховниот суд во Бризбејн за кражба, убиство и напад со телесни повреди, бидејќи го повредил и сопругот на жртвата.

Тој сега има 18 години, се наоѓа во притвор, а казната ќе му биде изречена во мај. Другиот млад човек сè уште не се изјаснил за виновен.

,,Eма го држеше нашето семејство заедно. Таа беше толку убава личност. Сите сме уништени од нејзината загуба. Бесмислено е. Не знам зошто луѓето го прават ова”, изјави Ли веднаш по нападот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.