Американската манекенка и актерка Емили Ратајковски отворено проговори за крајот на нејзиниот брак со Себастијан Бер-Меклард, откривајќи дека проблемите во нивната врска започнале кратко по раѓањето на нивниот син Силвестер во 2021 година.
Во личен есеј објавен од „The Cut“, Ратајковски ги опиша предизвиците на мајчинството и периодот што довел до разводот, наведувајќи дека нивниот брак почнал да се распаѓа во првата година по раѓањето на детето.
„Шест месеци откако се роди мојот син, сопругот и јас престанавме да имаме секс. Помалку од една година подоцна, се разделивме“, напиша моделот.
Ратајковски изјави дека преминот во нова животна фаза бил исклучително тежок и дека мајчинството донело физички и емоционални промени кои влијаеле и на нејзиниот брачен однос. Според неа, раскинувањето на бракот се случило во период кој изгледал ненадеен, но и многу бавен.
За потсетување, Ратајковски и Бер-Меклард се венчаа во 2018 година и се разделија во летото 2022 година по повеќе од четири години брак. Нивниот син Силвестер Аполо Бер се роди во март 2021 година.
Во истиот есеј, моделот се осврна и на периодот по разводот, признавајќи дека се обидела да пронајде ново чувство на слобода и идентитет преку низа краткорочни врски. Сепак, таа истакна дека овој начин на живот не ѝ го донел задоволството што го очекувала и дека нејзиниот главен фокус останал на одгледувањето на синот и прилагодувањето на животот како самохрана мајка.
The post Емили Ратајковски за распадот на нејзиниот брак: Немавме секс шест месеци по раѓањето на нашиот син appeared first on Во Центар.



