Емотивната страна на жените: Најубавите подароци кои ги добивме од партнерите

И, немојте да заборавите дека подарокот не значи и најскап подарок. Напротив, тоа може да биде нешто што има огромна сентиментална и никаква парична вредност. Нешто со што на вашиот партнер или партнерка ќе му докажете дека го слушате кога ви кажува дека нешто му се допаѓа или што посакува.
Овие приказни ќе ви помогнат да сфатите дека на крајот на денот најважен е емоционалниот аспект на подарок и сознанието дека личноста која ја сакате обрнува внимание на она што го зборувате.
1. Приказна за загубената книга
Еднаш на момчето му спомнав дека ја загубив омилената книга, која навистина многу ја сакам и дека поради тоа сум разочарана. За Божиќ ја добив таа книга и тоа во издание со тврда корица. 
2. Приказна за фустанот со долги ракави
Додека бевме на шопинг, попатно споменав дека сакам да си купам фустан со долги ракави за ладните денови. За Божиќ се изненадив кога од него добив таков фустан, никогаш порано некое момче не ми купило облека.
Ми рече дека се сетил на мојот коментар и на шопинг ја земал мојата пријателка, која отприлика носи моја големина на облека. Истата година за Божиќ добив и ташничка за мејкап на која беше испечатена фотографија од нашето куче, а во вреќичката беше резервниот клуч од неговиот стан.
3. Приказна за вредната книга
Отсекогаш бев голема обожавателка на писателот Курт Вонегут. Едно лето, со моето, тогаш момче, а денес сопруг, бевме во книжарница и видов книга со потпис на Курт Вонегут. Стоеше позади стаклото и чинеше 500 долари. Му реков дека еден ден кога ќе бидам богата ќе ја купам таа книга.
На Божиќ истата година веќе живеевме заедно и кога на божиќното утро го отворив подарокот, почнав да плачам. Ја добив таа книга. И не заплакав поради книгата, плачев поради тоа што почувствував дека некој навистина ме сака.


4. Приказна за првите желби
Една вечер додека се возевме со автомобил со момчето, видовме како паѓа ѕвезда. Откако двајцата посакавме желба, му реков дека првата желба која некогаш си ја посакав кога видов како паѓа ѕвезда беше виолетова вилушка. Бев многу чудно 4-годишно дете.
За следниот Божиќ, кој беше прв во мојот нов стан во кој имав типичен сребрен прибор, тој ми подари виолетов сет. Рече дека сакал да ми ја исполни мојата прва желба.
5. Приказна за ликот од книгата
Јас сум многу голем љубител на книги, а еден автор од серијалот „fantasy“, кој всушност го обожувам, направи хуманитарна акција во која победникот на наградната игра го именуваше по главниот лик во книгата. Моето момче осум пати учествуваше во хуманитарната акција и крајот моето име заврши на страниците на таа книга. Иако подоцна раскинавме, тој подарок ќе трае засекогаш.


6. Приказна за депресијата и убавите зборови
Во еден период од мојот живот, се борев со депресија. Затоа, за Божиќ од момчето добив стаклено шишенце, исполнето со убави пораки. На ливчињата пишување „прекрасна си“, „толку ми е драго што те запознав“, „ти си ми сè“… Тоа беше еден од најслатките подароци кои некогаш во животот сум ги добила.
Овие подароци можеби ве инспирираа, а можеби и не. Но, можеби барем ве поттикнаа за во иднина подобро да ги слушате вашите партнери. Во секој случај, не заборавајте дека на оние кои најмногу ги сакате ќе им се допадне што и да им подарите -бидејќи ве сакаат. Затоа, обидете се што помалку да се потресувате и уживајте во празниците.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.