Енергетската војна со Русија, Европа ја чинеше 1.000 милијарди евра!

Британскиот весник „Фајненшл тајмс“ објави текст во кој се наведува дека Европската унија ја разгледува можноста за обновување на купувањето на руски гас.

Според овој весник, европските претставници наводно разговараат дали повторно да покренат иницијатива за продажба на руски гас на Европската унија, т.е. купување на руски гас како дел од потенцијалното решение за ставање крај на војната во Украина, според луѓе запознаени со дискусиите.

Поддржувачите на купување руски гас тврдат дека тоа ќе ги намали високите цени на енергијата во Европа, ќе ја охрабри Москва да седне на преговарачка маса и ќе им даде причина на двете страни да спроведат и одржат прекин на огнот и да постигнат мир во Украина.

Сепак, покренувањето на идејата за повторно отворање на протокот на руски гас во Европа, дури и во прелиминарни дискусии, веќе предизвика бурни реакции кај најблиските сојузници на Украина во ЕУ.

Тројца функционери информирани за тековните разговори рекоа дека идејата била поддржана од некои германски и унгарски официјални претставници, со поддршка од други членки на ЕУ кои сметаат дека тоа е начин да се намалат европските трошоци за енергија, објави Фајненшл тајмс.

Пронајдете не на следниве мрежи:

©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.