Ердоган: Анкара ќе продолжи со притисокот врз Израел преку трговијата, дипломатијата сѐ додека не запре масакрот во Газа

 – Анкара ќе продолжи да врши притисок врз Израел преку трговијата и дипломатијата додека администрацијата на премиерот Бенјамин Нетанјаху не престане со масакрот во Појасот Газа, порача денес турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.На состанокот на Одборот за надворешни економски односи (ДЕИК) во Истанбул, Ердоган говореше за она што се случува во Газа од 7 октомври 2023 година.„Ги одржуваме нашите канали за комуникација отворени во нашата бизнис заедница во процесот на имплементација на нашата одлука за суспендирање на комерцијалните зделки за да го принудиме Израел, кој уби 36.000 невини луѓе во Газа, на прекин на огнот“, рече тој.„Анкара ќе продолжи да врши притисок врз Израел преку трговијата, (и) дипломатијата додека администрацијата на Нетанјаху не стави крај на масакрите во Газа“, нагласи тој.Вчера, Меѓународнот суд на правдата (МСП) ги потврди своите претходни наредби и одреди дополнителни мерки, вклучително и одржување на граничниот премин Рафа отворен и дозвола за пристап на истражителите до блокираната енклава.Над 35.900 Палестинци се загинати во Газа, од кои огромно мнозинство жени и деца, а речиси 80.300 се повредени во нападите кои почнаа од октомври, по нападот на Хамас.Повеќе од седум месеци од почетокот на израелските напади, огромни делови од Газа се во урнатини, каде постои блокада на храна, чиста вода и лекови.Турскиот претседател се осврна и на економските цели и достигнувања на земјата.„Како историско достигнување за Турција, извозот надмина 255 милијарди долари, достигнувајќи рекордни 257,6 милијарди долари заклучно со април“, рече тој.„Со стапка на раст од 4,5 отсто, Турција е на прво место во Европа, на второ место во земјите од Организацијата за економска соработка и развој (OECD) и на четврто во групата Г-20“, нагласи тој.Посочувајќи ги целите на економската програма на Анкара, турскиот претседател рече дека економскиот приоритет на Турција е да ја намали инфлацијата на едноцифрен број за трајно олеснување, со фокус на долгорочната стабилност за унапредување на благосостојбата на нацијата.

Пронајдете не на следниве мрежи: