Ердоган го најави супер брзиот воз Анкара – Истанбул: Патувањето ќе трае само 80 минути

– Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, денеска во Истанбул го најави новиот проект на супер брзиот воз Анкара – Истанбул, кој ќе се движи со брзина од 350 километри на час, а патувањето до Анкара ќе трае околу 80 минути.Ердоган им се обрати на насобраните граѓани на предизборниот митинг во Истанбул и во таа прилика зборуваше за реализираните проекти во Истанбул, како и за идните проекти.Тој посочи дека во изминатите 21 година во Истанбул се реализирани јавни инвестиции во вредност од 1,65 милијарди лири.„Во здравството изградивме 178 здравствени установи, меѓу кои и болници со капацитет од 18.417 легла. Со урбанистичкото планирање преку ТОКИ изградивме 228.000 станбени објекти и им ги предадовме на сопствениците. Должината на автопатиштата ја зголемивме од 350 на 794 километри “, соопшти Ердоган.Ердоган зборуваше и за проектот „Големиот Истанбулски тунел“.„Овој тунел, кој ќе поврзе 11 различни линии на железничкиот систем, ќе обезбеди сериозно олеснување на транспортот во Истанбул. Нашата цел е да ги спроведеме сите 1.100 километри железнички проекти што ги подготвивме за Истанбул“, додаде тој.Турскиот претседател најави и значајни проекти за оваа година, меѓу кои е и проектот за супер брз воз.„Оваа година распишуваме тендер за проектот за супер брз воз Анкара-Истанбул, кој ќе има брзина од 350 километри на час, а времетраење на патувањето ќе изнесува 80 минути“, истакна Ердоган.

Пронајдете не на следниве мрежи: