ЕРДОГАН ИСПРАЌА ВОЈСКА: Сака да ја заврши работата

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган најави продолжување на борбата против курдските сили во Сирија и Ирак и нагласи дека сите активности во оваа област ќе бидат завршени до лето.Ердоган рече дека неговата влада обезбедува секаков вид поддршка на војниците за да продолжат, како што рече, предизвикувачка борба.„Целосно ќе ја гарантираме безбедноста на нашата граница до ова лето и дефинитивно ќе ја завршиме нашата недовршена работа во Сирија“, рече Ердоган.Тој рече дека целта е Турција да стане безбедна земја.Нашите цели се да им дадеме на нашите деца Турција целосно ослободена од мрачната сенка на тероризмот, со светла иднина и среќа“, рече турскиот претседател.Тој исто така нагласи како турската армија постигнала успех во употребата на беспилотни летала, домашно оружје и муниција во борбата против ПКК.„Како резултат на нашите дејствија, нема да дозволиме овие затрупани платенички банди повторно да заживеат и повторно да станат товар за нашиот народ. Без разлика на чиј проект се работи, нема да дозволиме формирање на терористичка држава надвор од нашата јужна граница”, изјавил турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Пронајдете не на следниве мрежи: