четврток, 26 ноември 2026
Најново

Ердоган: Муслиманските земји треба да ја водат обновата на Појасот Газа

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека верува оти е клучно муслиманските нации да ја преземат водечката улога во обновата на Појасот Газа, објави „Тајмс оф Израел“.

dobivaj vesti na viber
Ердоган ја истакна својата доверба во посветеноста на Хамас да го почитува договорот.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

„Хамас изгледа доста решен да се придржува до договорот за прекин на огнот“, рече тој, нагласувајќи дека е „од суштинско значење“ Организацијата на Исламската конференција да „игра водечка улога во обновата на Газа“.

Во меѓувреме, прекинот на огнот останува кревок, при што двете страни, Израел и Хамас, се обвинуваат меѓусебно за прекршувања.

Израелската страна тврди дека нејзините сили одговориле само на директни закани од палестински оперативци. Израел, исто така, инсистира дека Хамас го прекршува договорот со тоа што не ги враќа сите тела на заложниците што останале во Појасот Газа

Поврзани вести