Ердоган: Нема да дозволиме терористичките барони од северен Ирак и Сирија да нѐ оттргнат од нашиот пат

 – Нема да дозволиме терористичките барони од северот на Ирак и Сирија, ниту оние кои управуваат со овие предавници, да нѐ оттргнат од нашиот пат, изјави денес турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Во врска со борбата на Турција против терористичката организација ПКК, Ердоган на свеченото отворање наод втората писта на Меѓународниот аеродром „Сабиха Ѓокчен“ во Истанбул рече: „Нема да им дозволиме на терористичките барони од Кандил и Сирија, ниту на оние кои управуваат со овие предавници, да нѐ оттргнат од нашиот пат.“

Тој нагласи дека апсолутно нема да дозволи никаква штета на братството од 85-милиони.

„Стара Турција, каде што политиката беше обликувана од тероризмот, сега е минато. Ги знаеме вашите амбиции, точно знаеме кои сте. Сè додека ни дозволуваат нашите животи и со непоколебливата поддршка на нашата ценета нација, ние ќе продолжиме да се бориме со вас“, рече Ердоган.

Од терористичките напади на ПКК минатата недела, во кои загинаа 12 војници, турските воздушни напади уништија десетици терористички цели во северен Ирак и Сирија, неутрализирајќи многу терористи.

По терористичкиот напад во северен Ирак, Турција ја потврди својата решеност да се бори и да го елиминира тероризмот од неговиот извор.

Терористите на ПКК често се кријат во северен Ирак за да планираат прекугранични напади во Турција.

Турција ја започна операцијата „Канџа-Катанец“ во април 2022 година, а цел се засолништата на терористичката организација ПКК во регионите Метина, Зап и Авасин-Басјан во северен Ирак, кои се наоѓаат во близина на турската граница.

ПКК е сепаратистичка организација која е наведена како терористичка организација во Турција, Европската Унија и Соединетите Американски Држави (САД). За време на повеќедецениската терористичка кампања против Турција, терористите на ПКК убија најмалку 40.000 луѓе.

Пронајдете не на следниве мрежи: