Ердоган: Нетанјаху е единствениот виновен за тензиите на Блискиот Исток

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, изјави дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговата влада се единствено одговорни за ескалацијата на тензиите на Блискиот Исток.

Израел се обидува да предизвика регионален конфликт, а неговиот напад врз иранската амбасада во Дамаск беше последната капка, изјави Ердоган на прес-конференција во Анкара по состанокот на владата.

Ердоган додаде дека се можни нови регионални конфликти сè додека продолжуваат „суровоста и геноцидот“ во Газа и ги повика сите страни да дејствуваат разумно. Тој, исто така, го критикуваше Западот што го осуди иранскиот, но не и израелскиот напад врз иранската амбасада.

Пронајдете не на следниве мрежи: