сабота, 28 ноември 2026
Најново

Ердоган разговараше со Трамп: Турција ќе продолжи да придонесува за решавање на украинскиот конфликт

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во телефонски разговор со американскиот претседател Доналд Трамп изјавил дека Анкара и натаму ќе придонесува во дипломатските напори за решавање на украинскиот конфликт. Притоа ја нагласил важноста од проширување на контактите и со Москва и со Киев.

Ердоган и Трамп во саботата разговарале за билатералните односи меѓу Турција и Соединетите Американски Држави, како и за актуелните регионални и глобални прашања, соопшти кабинетот на турскиот претседател.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

„Претседателот Ердоган изјави дека турската страна и во иднина ќе придонесува во напорите за решавање на украинскиот конфликт и ја нагласи важноста од проширување на контактите и со Украина и со Русија“, се наведува во соопштението.

Турскиот претседател, исто така, изразил надеж дека интензивирањето на дипломатските напори за завршување на конфликтот меѓу Русија и Украина ќе донесе позитивни резултати.

Поврзани вести