Ердоган: Сите реактори на нуклеарната централа „Акују“ ќе бидат пуштени во употреба до 2028 година

 – Сите реактори на нуклеарната централа „Акују“ ќе бидат ставени во функција до 2028 година, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.„Продолжува изградбата на нашата нуклеарна централа Акују, која ќе произведува 35 милијарди киловат часови електрична енергија годишно. Сите реактори на централата ќе бидат ставени во функција до 2028 година“, рече Ердоган во обраќање до граѓаните на јужниот округ Мерсин за време на митингот на владејачката Партија на правдата и развојот.„Акују“ е првата нуклеарна централа што се гради во Турција. Проектот се спроведува во областа Мерсин врз основа на меѓувладиниот договор за соработка потпишан меѓу Русија и Турција на 12 мај 2010 година. Во април оваа година нуклеарната централа „Акују“ официјално доби статус на нуклеарен објект. 

Пронајдете не на следниве мрежи: