Ердоган: Турција сè уште сака да посредува во организирањето мировните преговори меѓу Русија и Украина

– Турција и натаму е подготвена да организира и спроведе мировна средба на врвот меѓу Русија и Украина. Ова го изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган по разговорот со неговиот украински колега Володимир Зеленски во Истанбул, јавија турските медиуми.„За жал, нашата дипломатска иницијатива преземена во 2022 година во Истанбул не даде резултати. Војната меѓу Украина и Русија треба да заврши со преговори. Подготвени сме да одржиме мировна средба на врвот на која ќе учествува и Русија“, рече Ердоган, цитиран од државната ТВ ТРТ-Хабер.Претседателите на Турција и Украина Реџеп Таип Ердоган и Володимир Зеленски денеска се сретнаа во Истанбул. Средбата започна околу 19:30 часот по турско време во палатата Долмабахче. Средбата на двајцата лидери траела околу час и половина, информира турската телевизија НТВ.Ердоган денеска изјави и дека со украинскиот лидер Володимир Зеленски разговарал за договорот за жито и за безбедносната ситуација во Црното Море.„Ние детално разговаравме за прашањата поврзани со војната. Во рамките на нашето стратешко партнерство, ќе продолжиме да ја поддржуваме Украина, нејзиниот територијален интегритет. Подготвени сме да и помогнеме за нејзино обновување. Разговаравме и за безбедносната ситуација во Црното Море и договорите за жито, кои во голема мера придонесуваат за безбедноста на храната и овозможија да се испорачаат милиони тони жито до земјите кои имаа потреба“, рече Ердоган.

Пронајдете не на следниве мрежи: